Бошко Ѓуровски во Штип: Пижон, Панчев, Милко, Дуле Савиќ… гости на спектаклот во чест на Шекуларац

Бројни фудбалски легенди од Македонија и од Србија ќе бидат гости во Штип на 27. мај на спектаклот кој се подготвува во чест на легендарниот фудбалер и тренер на Црвена Звезда, Драгослав Шекуларац за кого штипјани подготвуваат изградба на спомен обележје.

Во насока на што подобра подготвеност за настанот на 27. мај, денеска во Штип престојуваше и поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски кој најави дека Македонија преку ревијалниот натпревар меѓу ветераните на Брегалница и на Црвена Звезда ќе биде сведок на вистински спектакл…

„На 27. мај во Штип ќе бидат гости покрај другите и Владимир Петровиќ – Пижон, легендарниот Дуле Савиќ, Милко Ѓуровски но и бројните Македонци кои играле во својата кариера за Црвена Звезда како Дарко Панчев, Илија Најдоски, Митко Стојковски, Драган Христовски, па потоа и Ачимовиќ, а специјален гостин ќе биде Кирил Дојчиновски. Сето тоа ветува навистина забава за сите нас, но и уживање за сите љубители на фудбалот од Штип“ – вели Бошко Ѓуровски.

spomene obelezje

А, спомен обележјето во чест на Драгослав Шекуларац, кој е роден штипјанец, се подготвува интензивно деновиве. Го работи Методи Андонов а се очекува комплетно да биде подготвено до 27. мај.

Се вчитува...