Бошковски: Приоритет на Работник е четвртото место и излез во Европа

Шефот на стручниот штаб на Работник, Андон Бошковски, е задоволен од растот на екипата под негово водство, потенцирајќи дека целта на битолскиот прволигаш е да се стигне до четвртото место на табелата. Работник вчера загуби на домашен терен од шампионот Вардар со 19-24, пораз што е сосема очекуван со оглед на далеку поквалитетниот ростер што го поседуваат „црвено-црните“.

Задоволен сум од првото полувреме, но во овој натпревар Вардар го диктираше темпото и ние игравме, колку што тие ни дозволија. Верувам дека ја задоволивме битолската публика, но бев скратен во ротацијата, поради отсуствата на младите репрезентативци Дарио Петровски и Томислав Јагуриновски. Приоритет ни е четвртото место во плеј-офот и Челинџ купот. Откако дојдов во Битола во овие три месеци, екипата е на повисоко ниво, играчки сме послаби со заминувањето на некои ракометари, но надополнивме со Горан Крстевски. Поквалитетни сме од Борец, а Охрид и Пелистер се на повисоко ниво, но нашиот клуб ќе расте од година во година“, изјави Андон Бошковски за клупската веб-страница.

Ракометарите на Работник во рамките од четвртото коло, в среда ги очекува градското дерби против Пелистер.

Се вчитува...