Бостон и Вашингтон во следната рунда од плејофот, Клиперси се изборија за мајсторка

Бостон убедливо славеше против Чикаго со 105-83, и по минусот од 0-2 во серијата стигна до четвртата едноподруго победа за славје од 4-2 и пласман во следната рунда натпревари од НБА плејофот.

Селтикси водеа од самиот почеток на мечот, во ниту еден момент, не доведувајќи ја во прашање победата. Најефикасен кај Бостон беше Бредли со 23 поени, дополнето и со пет скока и три асистенции. Кај Чикаго солидна партија одигра Џими Батлер со 23 поени…

Во следната рунда Бостон ќе се сретне со Вашингтон кој предводен од одличните Џон Вол и Бредли Бил, кои заедно постигнаа 73 поени, стигнаа до победа над Атланта од 115-99 и на тој начин се пласираа во следната рунда.

Во екипата на Вашингтон, Џон Вол постигна 42 поени, додека Бредли Бил дополни со 31 поен. Одличен беше и Маркиф Морис со 17 поени и осум скока.

ЛА Клиперс на гостувањето кај Јута успеаја да забележат значајна победа од 98-93, со која израмнија 3-3 во серијата и изборијата мајсторка.

Кај Клиперси одличен меч одигра Крис Пол со 29 поени, три скока и осум асистенции. Во поразената екипа најдобар беше Хауард со 31 поени, додека Џорџ Хил и Руди Гоберт постигнаа по 15 поени.

Се вчитува...