Ботас не се грижи дали Хамилтон ќе биде побрз од него - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Ботас не се грижи дали Хамилтон ќе биде побрз од него

Ботас не се грижи дали Хамилтон ќе биде побрз од него

Новиот возач во Мерцедес, Валтери Ботас, верува во своите можности и изјави дека воопшто нема да биде загрижен ако неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, биде побрз од него на почетокот на сезоната во Формула 1. Првата трка на календарот на Ф1 е на 26 март во Мелбурн, за ГН на Австралиј, а во фокусот на јавноста е како ќе се претстави Ботас во шампионскиот болид на Мерцедес.

Знам дека имав голема стреќа и дека повлекувањето на Нико Розберг ми овозможи да дојдам во Мерцедес. Тоа отсекогаш ми било сон – да го возам најдобриот болид и да се натпреварувам за тим кој е фаворит за титулата. Благодарение на Нико, тоа за мене веќе е реалност. Сега јас треба да покажам дека ја заслужувам довербата на Тото Волф и на целото раководство на Мерцедес“ – вели Ботас.

BOTAS HAMILTON BOLID

Финскиот возач имаше добри настапи на претсезонските тестови во Барселона и добра соработка со Луис Хамилтон, што не беше случај во Мерцедес во претходните сезони. Хамилтон изјави дека Ботас е најдобриот тимски колега што го имал досега. Ботас пак во можноста да вози заедно со тројниот светски шампион гледа шанса за напредок во кариерата.

„Мирен сум и не ме загрижува воопшто ако Хамилтон биде побрз од мене на првата трка во Австралија. Со задоволство ќе гледам како работи тројниот светски шампион, за да ја видам разликата во стилот на возење и како тој управува со болидот. Да бидам искрен, сега не чувствувам некој поголем притисок од оној од претходните години во Вилијамс. Разлика е само во тоа што знам какви можност ми е дадена и треба да сторам се за да ја искористам максимално. Можам многу повеќе да добијам отколку да загубам“ – истакнува возачот на Мерцедес.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.