Ботас: Сакам да победувам, но на чесен начин

Финецот Валтери Ботас кој замени актуелниот шампион, Нико Розберг во тимот на Мерцедес, предвидува дека ќе има стриктни правила во тимот во кој ќе вози заедно со Луис Хамилтон. Во изминатите сезони Хамилтон и Розберг имаа затегнати односи и неколку проблематични ситуации. А, Хамилтон пред почетокот ан новата сеозна, не е премногу пријателски рапсоложен ни кон новиот клупски колега. Финецот истакнува дека тој е тимски играч и ќе постапува според инструкциите што ќе ги добие од одговорните во тимот.

Мерцедес како тим знаат да се справат со такви ситуации меѓу возачите и имаат свое сценарио за развој на возачите. Сигурен сум дека правилата за тоа што можам, а што не смеам ќе бидат стриктни. Во принцип, секогаш е тешко да бидеш тимски играч и во исто време да си ги поставиш сопствените цели на прво место. За мене сето ова е нова ситуација. Но, јас и во Мерцедес ќе продолжам да функционирам исто како и досега – тимот ќе ми биде на прво место. Секако дека имам и сопствени цели, во Формула 1 треба да бидеш и малку егоист ако сакаш да победуваш. Верувам дека можам да бидам доволно брз, но на чесен начин, почитувајќи го секој возач на патеката “ – истакнува Валтери Ботас.

Финскиот возач кој претходно настапуваше за Вилијамс, во Мерцедес дојде во јануари годинава и на тоа гледа како на голема шанса во кариерата. Тој е свесен дека ќе му треба време да се приспособи на новиот тим и на новиот болид, но вели дека во подготовките пред стартот на новата сеозна во Ф1 се тече според планот.

Планот што го направи тимот, засега се одвива одлично. Поминувам многу време со инжениерите и мислам дека научив многу во овој прв месец во новиот тим. Целта ми е да се претставам на високо ниво уште на првата трка со новиот болид и да ги оправдам очекувањата на тимот“ – вели возачот на Мерцедес.

Новата сезона во Формула 1 почнува на 26 март со трката во Мелбурн за ГН на Австралија.

Се вчитува...