Ботас: Се надевам дека ќе останам во Мерцедес

Валтери Ботас се надева дека Мерцедес ќе му го продолжи договорот за уште една сезона. Финскиот возач на почетокот на сезоната дојде во Ф1 тимот на Мерцедес како замена за актуелниот шампион Нико Розберг по неговата неочекувана одлука да ја заврши кариерата. По првите седум трки во новата Ф1 сеозна, Ботас се претстави во добро издание, но неговиот статус за следната сезона и понатаму останува отворен.

„Се разбира дека сакам да останам во Мерцедес, но се уште е рано да се зборува за тоа. Во моментов мислам само како да се претставам подобро следниот ден, трка по трка. Фокусиран сум на сегашноста. Ако го оставам успехот за иднина, работите ќе тргнат надолу“ – изјави Валтери Ботас.

Се вчитува...