Божиновски: Срамна одлука на Арбитража, тужби до Наумоски и Гаврилоска

Претседателот на КК Куманово, Виктор Божиновски, експресно им возврати на челниците на МКФ по соопштението со кое федерацијата ја објасни ситуацијата околу одбиената жалба на КК Куманово за раскин на договорот со Данило Мијатовиќ, со кое МКФ упати и критики до актуелниот вицешампион за начинот на функционирање.

Срамна е одлуката на Абритража, со која раководи човек близок до Петар Наумоски, за кого имаме сознанија дека прими дури и месечен паушал за своите правни услуги, поточно парите кои ги уплаќаме ние клубовите. Наумоски и Моника Гаврилоска можеби биле добри кшаркари, но тоа не го крие фактот дека се очајни менаџери во федерација. Во врска со она што тие го испратиле во јавноста како соопштение, можам само да кажам ќе добијат најмалку две приватни тужби за клевета, во согласност со Законот за граѓанска одговорност. Нашата цел останува иста, решени сме да останеме „во одбрана на клубот“ против овие „надворешни влијание. Токму затоа, покрај тужбата до Спортскиот суд при МОК, ние ќе испратиме и тужба до Основниот суд во Куманово. Затоа, би сакал да му порачам на претседателот на МКФ дека тука не е крајот на целата оваа ситуација“ – изјави Божиновски.

Се вчитува...