Божовиќ задоволен: Турнирот беше одлична проверка, играчите го оставија срцето на терен - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31
Ракомет
27/04/2017 21:15
Ракомет
27/04/2017 21:02

Божовиќ задоволен: Турнирот беше одлична проверка, играчите го оставија срцето на терен

Божовиќ задоволен: Турнирот беше одлична проверка, играчите го оставија срцето на терен

Синоќа заврши меѓународниот пријателски турнир во футсал, „Скопје 2016“, на кој македонската репрезентација не успеа да забележи победа. Избраниците на Иван Божовиќ го отворија турнирот со реми против Босна и Херцеговина и на ист начин го затворија, со реми против силната Португалија.

Селекторот е задоволен од прикажаната игра на сите репрезентативци кои добија шанса на теренот, но смета дека треба многу повеќе да се работи за да се стигне на врвно ниво.

„Одигравме два добри натпревари на овој контролен турнир и успеавме да го направиме тоа што ни беше основната замисла, а тоа е добра проверка, со сите играчи на кои сметаме за наредниот период за квалификациите во април. На натпреварот со Босна и Херцеговина немавме среќа и на крајот одигравме нерешено иако бевме доминантни на теренот. И против силната Португалија, без разлика дали играше Рикардињо, тоа е сепак селекција од играчи кои играат на највисокот ниво во светот и Европа. Мораме да бидеме задоволни. Играчите пристапија со голема желба и го оставија срцето на теренот. Резултатот беше супер за нас, но потоа некои индивидуални квалитети, недоверба во себе доведе до тоа да не искористиме неколку добри шанси. Кога влеговме во последните пет минути, противникот кој е технички на врвот играше пет-на-четири. Првиот гол го примивме со некоја наша грешка, не го стеснивме кругот, но вториот гол беше една несреќна ситуација кога топката се одби од голманот. На крајот мораме да бидеме задоволни. Останува жал бидејќи не освоивме победа, но тоа е подобро. Играчите ќе сфатат дека можеме да се носиме со најдобрите европски и светски репрезентации, но мора уште многу да се работи за да дојдеме на нивно ниво“ – истакна Божовиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.