Браќата Мареј посакуваат заедничка титула на Вимблдон

Првиот светски рекет, Енди Мареј и неговиот брат Џејми ќе играат заедно во двојки на Вимблдон пред крајот на кариерата и ќе се обидат да ја освојат титулата на лондонскиот гранслем, открива нивната мајка Џуди.

Шкотските тенисери минатата година станаа првите браќа во историјата на тенисот кои истовремено беа први во „сингл“ и во „дубл“ конкуренција на АТП листата.

Енди и Џејми Мареј заедно го освоија Дејвис Купот и Олимписките игри, но досега немаат освоено ниедна гранслем титула.

Постариот Џими има 31 година, со други тенисери во двојки два пати има освоено гранслем титули во 2016 година, а во март годинава тој  стана најдобар играч во двојки во светот. Оваа сезона Џими Мареј има две титули освоени заедно со Бразилецот Бруно Соареш.

Едни Мареј е една година помлад, тој во поединечна конкуренција има три гранслем титули и олимписко злато. Од ноември минатата година Мареј е на првото место на АТП листата, но годинава има освоено само една титула на турнирот во Дубаи.

„Мислам дека тие двајца заедно можат да стигнат до титула на Вимблдон. Среќни се со тоа што го работат и јас сум сигурна дека ќе ги гледаме заедно на Вимблдон пред крај на кариерите. И двајцата се силно мотвирани да освојуваат големи турнири. Гранслем титулите се најголемата награда во тенисот, поради нив се игра“ – вели мајката на браќата Мареј.

Гранслем турнирот на Вимблдон почнува на 3 јули, а титулата во поединечна конкуренција ја брани токму Енди Мареј.

Се вчитува...