Бразил прв до мундијалска виза за Русија

Бразил е првата селекција што обезбеди пласман за претстојниот мундијал што следното лето ќе се одржи во Русија, откако „кариоките“ уште на четири кола пред крајот на квалификациите во Јужноамериканската зона си го осигураа пласманот меѓу најдобрите четири репрезентации. Бразилците на четири средби до крајот се убедливо прво, со дури девет бода предност во однос на второпласираната Колумбија покажува дека кризата со која се соочуваше оваа селекција до пред една година сега веќе е минато.

Филипе Кутињо го отвори резултатот на синоќешниот дуел со Парагвај, пред Нејмар и Марсело во второто полувреме да ги постават конечните 3-0. Згора на тоа Нејмар промаши и пенал, во меч во кој „кариоките“ целосно доминираа и апсолутно заслужено ги освоија трите бода, за деветта победа во деветтиот меч под водство на селекторот Тите.

Чиле рутински ја одработе задачата против Венецуела триумфирајќи со 3-0. Паредес постигна два, а Алексис Санчез еден гол за чилеанскиот состав, кој со оваа победа ја „скокна“ Аргентина на четвртото место на табелата.

Уругвај го претрпе вториот пораз во низа во месец март откако селекцијата предводена од Кавани и Суарез загуби од Перу со 2-1. Уругвајците повторно први поведоа, но тоа не им значи буквално ништо бидејќи исто како и на дуелот со Бразил пред неколку дена, потоа со деконцентрирана игра во одбраната им овозможија на противниците со целосен пресврт да стигнат до трите бода.

LATINO TABELA

Brazil vs Paraguay 3-0 2017 – Highlights… by meteoalex1

All Goals & Highlights – Peru 2 – 1 Uruguay… by ZidaneHD

Се вчитува...