Бразилецот Емерсон доби дозвола од ФИФА да игра за Италија

Бразилскиот интернационалец од редовите на Рома, Емерсон Палмиери, ќе биде ново засилување за фудбалската репрезентација на Италија, која се наоѓа во иста група заедно со Македонија во тековниот квалификациски циклус за СП 2018 во Русија. Тој доби дозвола од ФИФА во иднина да настапува за „аѕурите“.

Емерсон, чии претци се Италијанци, ќе биде најновиот ’странец’ кој во иднина ќе стане Италијанец, како Тијаго Мота, Едер, Жоргињо…Најавите од Италија велат дека ќе следи уште еден ваков потег, со оглед дека и играчот на Наполи, Амаду Дијавара од Гвинеја, е во процес да го промени државјанството и да заигра за селекцијата на Италија.

Се вчитува...