Бразилецот Роналдо ја откри причината за најгрдата фризура во историјата на фудбалот

Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо, откри зошто се одлучил да ја направи познатата фризура, која ќе остане запаметена како една од најгрдите во фудбалскиот свет.

„Само што се опоравував од тешката повреда, сите зборуваа околу мојата ситуација. Морав некако да го дефокусирам вниманието, зошто ми создаваше голем притисок. Прво не знаев што да правам, а потоа се сетив да одам на бербер. Се појавив на тренинг и сите гледаа во мојата фризура. Сите ми се чудеа, фризурата стана главна тема, но јас ја постигнав мојата цел. Потполно заборавија на повредата, никој не ме прашуваше за неа и така веќе не чувствував притисок. Знам дека фризурата беше ужасна, но само така можев да се ослободам од притисокот и да го дадам најдоброто од себе за Бразил“, истакна Роналдо.

Очигледно неговата идеја успеа, Роналдо беше фантастичен во текот на целиот мундијал, придонесе за петтата, рекордна титула на Бразил и при тоа беше најдобар стрелец на првенството.

Се вчитува...