Бразилски фудбалер брутално претепа момче што собира топки! (ВИДЕО)

Дербито во бразилската фудбалска лига меѓу Комерсијал и Операрио ги одбележа незапаметен инцидент дури и за бразилскиот фудбал. Во последната минута од судиското надополнување, играчот на гостинскиот тим Џеферсон Реис, почна брутално да удира едно од момчињата што собираат топки покрај теренот. Причина за нападот било тоа што момчето кое е член на јуниорскиот тим на Комерсијал, го славел победничкиот гол на неговиот тим (1-0).

Џеферсон лут по поразот, брутално го нападна и почна да го удира момчето кое заврши со раскрвавен нос и видно вознемирено и едвај успеа да се спаси со помош на еден од противничките играчи. По инцидентот, настана општ хаос на теренот па на крај мораше да интервенира и полицијата.

По втор пат за неколку дена бразилскиот фудбал е во ценатрот на вниманието на светската јавност поради неспортски причини. Пред бруталниот настап на Џеферсон, се случи дуелот меѓу Викторија и Баија кој беше прекинат поради десет црвени кратони.

Се вчитува...