Брдариќ носи екс-играч на Волфсбург во Шкендија

Шкендија го добива првото засилување оваа зима, и тоа од Германија. Играчот на Волфсбург, Дино Меѓедовиќ, босански интернационалец кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, ќе биде новата аквизиција на Шкендија, а доаѓа на инсистирање на новиот шеф на стручниот штаб Томас Брдариќ. Германските медиуми веќе ја најавија реализацијата на овој трансфер.

dino medjedovic

Тие заедно соработуваа во вториот тим на Волфсбург, како и во Нојстрелиц, а Дино Меѓедовиќ последните шест месеци ги бранеше боите на германскиот третолигаш Падерборн.

Се вчитува...