Брегалница го совлада Работнички, Русинот Лукин на проба кај „романтичарите“

Брегалница го победи Работнички со 2-1 на пријателскиот натпревар што се одигра во Штип. Штипјани победија со погодок во судиското продолжение од натпреварот.

Во првиот дел, Марио Станковски го постигна дебитанскиот гол за сениорскиот тим на Работнички, откако со удар со глава прецизно стрелаше во мрежата на домаќинот во 22.минута од средбата. Брегалница израмни во 37.минута, откако еден противнапад во погодок го претвори Александар Темелков, a победничкиот гол следеше во 90. минута преку младинецот Борис Пандев.

На овој натпревар Работнички го тестираше Русинот Никита Лукин, кој игра на левата крилна позиција.

Се вчитува...