Бројни промени во календарот за Првата лига: Комплетното 19. коло поместено за на пролет - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Бројни промени во календарот за Првата лига: Комплетното 19. коло поместено за на пролет

Бројни промени во календарот за Првата лига: Комплетното 19. коло поместено за на пролет

Поради активностите на Вардар во Лигата на Европа оваа есен, најсилната домашна лига како и натпреварувањето во Купот на Македонија претрпеа измени во термините на одредени дуели.

Токму поради тоа, а заради комплетирање на заостанатите натпревари во двете натпреварувања, Комесарот за натпревари при ФФМ веќе ги дефинираше комплетните термини до крајот на есенскиот дел.

Според најновите одлуки, 19. коло од Првата македонска фудбалска лига место оваа есен е поместено комплетно за пролетниот дел од сезоната (14. февруари 2018, 14 часот).

Дербито од 3. коло, пак, меѓу Работнички и Вардар ќе се игра на 25. октомври со почеток од 14:30 часот, додека дуелот меѓу Академија Пандев и Вардар од 8. коло е закажан за 10. декември од 13 часот во Струмица. На крајот, натпреварот од 12. коло, Вардар и Работнички ќе го играат на 13. декември од 13 часот.

Во осминафиналето од Купот на Македонија, Вардар и Шкупи, како што е познато, ќе ги играат на 8. ноември односно 29. ноември. Победникот од оваа пресметка своите четвртфинални дуели во Купот ќе ги игра на 17. декември и 21. февруари следната година.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.