Брума: Ако сакаме полуфинале, треба да ја „растуриме“ Македонија

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Португалија е следниот ривал на Македонија на Европското првенство во Полска, откако избраниците на Благоја Милевски се вратија од Бидгошч и дуелот со Србија, со првите два гола и реми кое ќе остане забележано во историјата, како прв позитивен резултат за нас на европските првенства. Утревечер, со почеток во 20.45 часот, во Гдиња ќе ги одмериме силите се Португалците. Тие се предводени од Ренато Санчез, Гонкало Гуедеш, Брума, Рубен Невеш, и посакуваат триумф, но нашите момци на мечот со Србија покажаа дека на теренот не признаваат авторитети, па дури и ако се работи за ѕвезди кои играат во големи европски клубови.

Крилниот играч на Португалците, Брума, вели дека единствената опција на оваа селекција за полуфинале е да ја „растури“ Македонија со неколку голови разлика.

„Игравме квалитетно против Шпанија, но загубивме. Сега не ни останува ништо друго, освен да се обидеме да ја ’растуриме’ Македонија со убедлив резултат и да се надеваме дека тоа ќе биде доволно како второпласирани од групата да обезбедиме пласман во полуфиналето. Но, тие се квалитетна селекција и тоа нема да биде нималку лесно“, изјави Брума.

 

Се вчитува...