Брутален старт? Не, тоа е само лоша глума на Балотели (видео)

Марио Балотели се најде во центарот на вниманието на дуелот Ница – Амиен, но не со некој фудбалски потег, туку со неуспешниот обид со глума да изнуди картон за еден противнички фудбалер. Имено, откако се најде зад противникот „Супер Марио“ падна како покосен држејќи се за лицето.

Судијата наседна и досуди прекршок, но за среќа не и картон за гостинскиот играч, кој не можеше да се изначуди на актерските способности на противникот. А Балотели уште триесетина секунди продолжи да се држи за носот, и да се жали дека силно е удрен.

Инаку, Ница едвај стигна до бод на овој натпревар, ремизирајќи 2-2 откако гостите први поведоа со 0-2. Балотели беше стрелец на првиот погодок од пенал, додека конечните 2-2 со автогол ги постави Траоре во 76. минута.

Се вчитува...