Будење во последен час (фотогалерија)

Македонската кошаркарска репрезентација го доби првиот од двата меча во кој избраниците на Давитков немаат право на грешка. Косово е совладано за будење од летниот сон, и тоа будење во последен час бидејќи пораз ќе значеше тотален колапс на македонската репрезентативна кошарка.

Сепак, работата е далеку од завршена бидејќи следи дуелот со Естонија, на кој во Талин ќе мораме да ги израмнуваме сметките за поразот во Скопје. Тој натпревар ќе биде „моментот на вистината“ за нашиот национален тим, да покаже заби и карактер и да триумфира.

Затоа денешното будење е толку добредојдено, за враќање на атмосферата и кревање на самодовербата, која ќе биде неопходна во Талин за да се стигне до посакуваното второ место и пласманот во претквалификациите. Естонците ги служеше шутот во Скопје, нека биде обратно во Талин, па тројките нека бидат наше главно оружје на најважниот меч од овој претквалификациски циклус.

Како што вели и селекторот Давитков: Па зошто да не, на Бога камења не сме фрлале.

[new_royalslider id=”735″]

Се вчитува...