Буфон е голман на годината, специјална награда за Тоти

Покрај извлекувањето на групите за Лигата на шампионите, денешната церемонија во Монако се користи и за доделување на наградите за најдобрите фудбалери од ланската сезона.

Така, признанието за најдобар голман сосема заслужено замина во рацете на Џанлуиџи Буфон, кој имаше уште една фантастична сезона, освојувајќи се што можеше во Италија со Јувентус, а во Лигата на шампионите стигнувајќи до самото финале.

Серхио Рамос повторно е избран за најдобар дефанзивец, по серијата извонредни игри во дресот на Реал Мадрид.

Покрај двете активни фудбалски легенди, специјално признание доби и екс-капитенот на Рома, Франческо Тоти, кој по завршувањето на кариерата ја доби „Претседателската награда“ од првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Се вчитува...