Буфон: Фудбалот станува како ватерполо

Легендата на „Старата дама“ одлучи по вчерашната победа на гости против Џенова да прокоментира за ВАР, за што нема воопшто позитивно мислење. Буфон смета дека спорните ситуации пречесто се гледаат…

„Ни рекоа дека ВАР ќе се користи само во спорни ситуации, а сега се се проверува, дури и прст во уво. Ова престанува да биде фудбал, се претвараме во ватерполо“ – вели Буфон.

Јувентус на мечот против Џенова доби пенал кој го реализираше Дибала пред крајот на првото полувреме, а пеналот беше доделен по употребата на ВАР системот.

„Прегледувањето на спорните моменти одзема многу време. Не ни славев кога добивме пенал, затоа што минаа шест минути. Минатата сезона добивме три пенал, а оваа, ако вака се продолжи, сигурно ќе добиеме барем 50“ – истакнува Буфон.

Се вчитува...