Буфон „пресече“ – Ќе се пензионира по крајот на оваа сезона

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, сепак одлучи да стави крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона. Во изминативе неколку месеци низ медиумите кружат повеќе шпекулации околу неговата иднина, кој Буфон пред се самиот ги започна, но според „Кориере дела сера“ Џиџи ја донел конечната одлука.

Италијанскиот весник тврди дека искусниот голман треба да се пензионира по оваа сезона, знаејќи дека Јувентус се уште се бори на три фронта, идеален начин за пензионирање би било со освојување на барем еден трофеј.  Се шпекулираше дека Џиџи ќе се врати и во репрезентацијата на Италија, откако одлучи повеќе да не го носи националниот дрес по елиминацијата од Шведска во баражот за СП во Русија, но тој посочи дека не сака да го завзема местото на помладите (голмани), потенцирајќи дека Италија располага со огромен талент на голманската позиција.

Она што се уште го инспирира Буфон да биде активен во фудбалот, е шансата да го освои единствениот трофеј кој му недостасува со „старата дама“, а тоа е пехарот во Лигата на шампиони. Јувентус се уште се бори за тројна круна, откако во средата го елиминираа Тотенхем во 1/8 финалето во ЛШ, претходно обезбедија во финале во италијанскиот Куп, додека и натаму водат „мртва“ трка со Наполи за Скудетото.

 

Се вчитува...