Буфон се премислува – ЕП 2020? Не е исклучено…

Џанлуиџи Буфон претходно најави дека на крајот од сезоната заминува во пензија, но по се изгледа дека легендарниот италијански голман ќе ги смени плановите. Во разговорот за „Газета дело спорт“, Буфон најави дека ќе остане на голот додека се чувствува полезен таму.

„Додека се чувствувам полезен на голот, сакам да продолжам да игра.По испаѓањето од Шведска добив многу пораки со поддршка. Луѓето сфаќаат дека никогаш во животот не сум носел „маска“ и дека секогаш сум бил искрен во се што сум работел“ –  изјави Буфон.

Италија загуби од Шведска во дополнителните квалификации за СП во Русија, што значеше и крај на репрезентативната кариера на Буфон според неговата претходна најава. Но, сега искусниот голман има друга перспектива.

„Европското првенство во 2020 година? Живеам ден за ден. Не ја исклучувам таа можност…“ – дипломатски најави Џанлуиџи Буфон.

Се вчитува...