Буфон уште жали за Италија, нема да брани против Сампдорија

Џанлуиџи Буфон нема да брани за Јувентус на денешниот дуел со Сампдорија поради преголема тага по елиминацијата на Италија во баражот за СП 2018 во Русија. Буфон требаше да настапи на рекордниот шести мундијал во неговата кариера, но соништата му пропаднаа откако „аѕурите“ беа елиминирани од Шведска, шок од кој искусниот голман се уште се нема рехабилитирано.

Буфон и Барѕалји нема да бидат во кобинација за настап проив Сампдорија. Тешко им падна елиминацијата на Италија, се уште се во шок, се гледа дека се психолошки исцрпени и не сакам да ризикувам со негов настап. Не е ншто страшно, очекувам двајцата да се вратат веќе за дуелот од ЛШ против Барселона“ – изјави Алегри.

Шчешни ќе добие повторно шанс на голот во отсуство на Буфон, додека младиот Ругани ќе го заземе местото во одбраната на Барѕалји.

Се вчитува...