Бугаринот Ајдарски победник на Олимпискиот маратон, Илиески - трет (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Бугаринот Ајдарски победник на Олимпискиот маратон, Илиески – трет (ФОТО)

Бугаринот Ајдарски победник на Олимпискиот маратон, Илиески – трет (ФОТО)

Бугаринот Венцислав Ајдарски е победник на првото издание на Олимпискиот маратон на 10 километри кој денеска се одржа во водите на Охридското езеро, а на кој партиципираа 12 пливач(к)и.

Ајдарски се запишува како прв победник на овој маратон, откако во фото финиш за дел од секундата беше подобар од Холанѓанецот Марсел Шутен, пливајќи ја патеката со време од 1 час, 54 минути и 48 секунди. На третото место заврши македонскиот пливач Александар Илиески, кој следниот викенд ќе плива и на традиционалниот Охридски маратон.

Во женска конкуренција триумфираше 14-годишната Василики Кадоглу од Бугарија со време од 2 часа, 20 минути и 37 секунди, а втора беше Тјаша Возел од Словенија.

Желбата на организаторите на трката, која се одржа под мониторинг на ФИНА, се Охридскиот олимписки маратон веќе од следните години да биде вметнат и во календарот на Светската пливачка федерација.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.