Бурнемаут го „испука“ Арсенал

Бурнемаут успеа да стигне до важен триумф (2-1) над Арсенал во Премиер – лигата, со кој направи голем чекор напред кон средината на табелата. Хектор Белерин донесе водство за „топчиите“ во 52.минута, но потоа домашниот тим возврати уште пожестоко.

Калум Вилсон израмни во 70.минута, а четири минути подоцна Бурнемаут стигна и до целосен пресврт. Џордан Ибе беше стрелец на победничкиот погодок за својот тим.

Се вчитува...