Хрватскиот пар Марин Чилиќ и Иван Додиг се првите финалисти на тенискиот турнир во двојки на ЛОИ во Токио.
Чилиќ и Додиг без проблеми во полуфиналето ги совладаа Новозеланѓаните Маркус Даниел и Мајкл Венус со максимални 2-0 по сетови идентични 6-2.
Во финалето за противник може да го имаат вториот хрватски пар, Павиќ и Мектиќ кои во второто полуфинале ќе играат против Американците Крајчек и Сандгрен.
И кај дамите познат е првиот пар финалисти, откако Барбора Крејчикова и Катерина Синиакова ги добија Русинките, Елена Веснина и Вероника Кудерметова со 2-1 (6-3, 3-6 и 10-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА