Чаби Алонсо објави крај на кариерата: Дојде време да се каже збогум

Шпанскиот интернационалец од редовите на Баерн Минхен, Чаби Алонсо, утрово ја потврди својата одлука сезонава да биде последна во неговата професионална кариера. Одличниот плејмејкер претходно најави дека не планира да потпише нов договор со Баерн, за денеска официјално да потврди дека на крајот од сезонава ќе се збогува од фудбалот.

Го живеев фудбалот. Го сакав… Збогум, убава игро“ – напиша Алонсо на својот твитер-профил.

Чаби Алонсо во својата фантастична кариера има две титули европски првак, во 2005 и во 2014 година, титули светски и европски првак со шпанската репрезентација, како и шампионски трофеи во Примера дивизион и во Бундес-лигата.

Не е лесна одлуката, но секогаш сум велел дека сакам да ја завршам кариерата на највисоко ниво. Можам да играм уште некое време, но чувствувам дека дојде моментот да се каже збогум. Мило ми е што се повлекувам како член на Баерн Минхен, што во последните сезони сум дел од семејството на баварскиот гигант“ – истакна Алонсо за „Баерн ТВ“.

Се вчитува...