Чачиќ доби отказ: Хрватска бара нов селектор!

Како што оценува хрватската спортска јавност, фудбалската репрезентација на Хрватска е пред вистинска катастрофа со непласирањето на Светското првенство 2018 во Русија.

Хрватите синоќа ремизираа (1-1) против Финска со што го доведоа во прашање пласманот на Мундијалот кој ќе треба да го „бркаат“ во последното коло против директниот конкурент Украина и тоа на гости во Киев.

Па, цената за неуспехот ја плати селекторот Анте Чачиќ кој утрово во 02 часот по полноќ добил отказ на итна седница на Извршниот одбор на ХНС.

Сега Хрватите се во потрага по нов селектор кој ќе ги врати размрданите фудбалери повторно во живот и во игра за Русија.

Се вчитува...