Чаневски уште две сезони на голот на Работник

Искусниот голман на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски го продолжи договорот со битолскиот суперлигаш за уште две сезони. Со тоа клубот ја покажа довербата која ја има во голманот и во иднина соработката ќе продолжи. Претходно Еурофарм Работник ја засили голманската позиција со ангажманот на Филип Ивановски, кој дојде од Вардар Јуниор.

Чаневски зад себе остави одлична сезона во која има големи заслуги за остварените цели, пласманот во финалето на Купот на Македонија и првото излегување на меѓународна сцена на битолските „фармацевти“. Впрочем, тој беше избран за најдобар голман на завршниот турнир од Купот на Македонија, што беше доволна препорака за да му биде понудено продолжување на соработката.

Со овој нов договор Работник продолжува со сочувување на „костурот“ на екипата откако минатата седмица беше продолжена соработката со Трајковски, Крстевски и Талевски, а ангажиран беше и македонскиот репрезентативец Гоце Ојлевски.

Се вчитува...