Чао за Брдариќ, Ерхан Селими ја води Шкендија до крајот на сезоната

Македонскиот прволигаш Шкендија денеска и официјално ја потврди разделбата со германскиот стратег Томас Брдариќ. Тој си заминува од клубот откако не ги исполни целите и со тимот потполно потклекна во трката за шампионската титула со Вардар. Шкендија уште еднаш направи голема грешка со ангажман на странски тренер, кој воопшто не ги познава приликите во македонскиот фудбал.

До крајот на сезоната, раководството на клубот, како што се вели во официјалното соопштение, му дава доверба на досегашниот прв асистент на Брдариќ, Ерхан Селими.

Шкендија е второпласирана во првенството, но на 17 мај ќе го брани трофејот во финалето на Купот на Македонија против Пелистер. Овој финален дуел ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Се вчитува...