Чави вели дека Рабио е калибар за Барселона

Поранешниот капитен на Барселона, Чави, настапува во Катар, но и понатаму со внимание ја следи ситуацијата на „Камп Ноу“ и често дава свое мислење за иднината на клубот. Тој упати препорака до раководството на клубот да се обиде да го ангажра Адриен Рабио, играчот за врска на Пари Сен Жермен, во летниот преоден рок.

„Рабио би можел без проблеми да игра во Барселона. Тој е комплетен фудбалер, би се адаптирал многу брзо. Одличен е во игра и без топка, а со неа е вистински мајстор. Квалитетен е и во играта во одбрана, а знае и да дрибла, кога тоа е потребно. Би бил одличен организатор на играта на Барселона“, изјави Чави.

Рабио оваа сезона одигра 26 натпревари во дресот на ПСЖ во францускиот шампионат и постигна три гола, а имаше и три асистенции.

Се вчитува...