Чедомир Јаневски и Атанас Николовски со награда „13 Ноември“ од Град Скопје

По повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Град Скопје синоќа во Македонската опера и балет ги подели традиционалните награди за посебен придонес во неколку области. Во спортот, наградени беа тренерот на ФК Вардар, Чедомир Јаневски, како и поранешниот олимпиец, кајакарот Атанас Николовски.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на годинешните добитници  им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2017 година се:

Од областа на спортот:                 

ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ -за долгогодишни врвни резултати во областа на фудбалскиот спорт.

АТАНАС НИКОЛОВСКИ -за значајни постигнувања во областа на кајакарскиот спорт.

Од областа на науката:

ХАКИ ИМЕРИ – за континуирани значајни остварувања во областа на науката и образованието.

ГОРАН КОНДОВ- за високи постигнувања  во областа на медицинската наука и хируршката практика.

Од областа на образованието и воспитанието:

ЈАДРАНКА КЛИСАРОВА -за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на културата и публицистиката:

ДИМИТАР БАШЕВСКИ-за долгогодишни високи остварувања во областа на литературата и културата.

ПУНТОРИЕ МУЧА-ЗИБА -за долгогодишно континуирано успешно литературно творештво.

Од областа на уметноста:

ВАСИЛ АТАНАСОВ -за долгогодишна успешна дејност во областа на музичката уметност.

СТЕФАН ХАЏИ-НИКОЛОВ -за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.

Од областа на здравствената заштита и хуманитарната активност:

РАДЕ ИЛИЕВСКИ-за долгодишна хуманитарна активност.

ЖАН МИТРЕВ  -за долгогодишен врвен придонес во областа на здравствената заштита.

Се вчитува...