Чеферин демантира: УЕФА не даде зелено светло за формирање на Регионална лига - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/08/2017 18:54
Кошарка
20/08/2017 14:14
Кошарка
19/08/2017 23:06
Кошарка
19/08/2017 22:06

Чеферин демантира: УЕФА не даде зелено светло за формирање на Регионална лига

Чеферин демантира: УЕФА не даде зелено светло за формирање на Регионална лига

Претставници од фудбалските федерации на земјите на просторот на поранешна Југославија неодамна на состанокот во Загреб одлучија дека постоење на Регионална лига по примерот на кошаркарската (АБА) и ракометната (СЕХА) е одлична идеја во насока на развивање на фудбалот како и намалување на јазот помеѓу квалитетите на клубовите од регионот. Позитивен беше и ставот на УЕФА која, наводно, дала зелено светло за формирање на вакво натпреварување.

Неколку дена откако одекна веста, стигнува демант од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Нема вистина во неодамнешните тврдења дека ќе биде формирана таканаречена Балканска лига. Спротивно на тоа што е напишано во одредени написи, никаква одлука не е донесена од кое било релевантно тело на УЕФА кога станува збор за формирање на таква лига. Домашните првенства се темел на фудбалот во Европа. Конкретен предлог за Регонална лига засега нема. Каква било идеја и предлог кои ќе пристигнат до УЕФА ќе бидат разгледани“ – истакна Словенецот оставајќи простор во иднина да се разговара на оваа тема.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.