Чеферин дециден: УЕФА не размислува за екс-југословенска лига! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 19:50
Ракомет
16/01/2017 19:23
Ракомет
16/01/2017 19:18
Ракомет
16/01/2017 19:17

Чеферин дециден: УЕФА не размислува за екс-југословенска лига!

Чеферин дециден: УЕФА не размислува за екс-југословенска лига!

Новиот претседател на УЕФА, Александар Чеферин, децидно ги отфрли најавите дека европската куќа на фудбалот е подготвена да застане зад едно силно регионално натпреварување во кое би учествувале клубовите од поранешна Југославија. Ваквите најави зачестија во последните дваесетина дена, но Чеферин ги демантираше најавите дека ова натпреварување би можело да стартува во блиска иднина.

Еден локален фудбалски функциониер преставил некоја своја идеја, а од тоа нстана голема приказна за договорена регионална лига, дури и за парите што УЕФА ги има подготвено за ова натпреварување. Повторувам – никаква регионална лига не е договорена, никакви пари не се издвоени за ова натпреварување. Ако некој друг освен УЕФА сака да организира регионална лига, тоа е друга работа“ – изјави Чеферин.

Идеите на првиот човек на УЕФА одат во друга насока, во ситуација кога „големите земји“ повторно добиваат место повеќе во ЛШ, оние помалите да добијат свое регионално натпреварување преку кое би дошле до учество во елитното друштво.

Разликите меѓу големите и малите од година во година е се поголема. Добивме повеќе идеи за некои меѓудржавни лиги, од Шкотска, од Холандија, имаме тимови кои размислуваат за тоа, но тоа не значи дека ќе биде формирана лига на поранешна Југославија. Ако се направи нешто слично, ќе учествуваат и клубови од повеќе соседни држави на екс-Југославија, а најдобрите би имале влез во ЛШ и во Лигата на Европа. Сепак, тоа засега е само во фаза на размислување“ – истакна претседателот на УЕФА.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.