Чекчето за Нејмар – 222 милиони евра

Сакаш да го купиш Нејмар? Пиши чек…Внатре, наведи 222 милиони евра, за фудбалскиот клуб Барселона. Ниту тоа не му претставуваше проблем на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, кој одлучи да ја плати отштетната клаузула за бразилскиот ас и го доведе на „Паркот на принцовите“.

Трансакцијата е веќе реализирана, иако Ла Лига во прв момент одбиваше да ја прифати, а Нејмар сега го очекува своето деби во дресот на Пари Сен Жермен. Можеби тоа и нема да се случи денеска, кога „светците“ го пречекуваат Амиен во првото коло од новата сезона во францускиот шампионат, затоа што Бразилецот се уште не е активно регистриран, согласно процедурите. Но, и тоа може да се случи до крајот на денот…

Се вчитува...