Челси игра шампионски, Сити по навика дава по пет гола

Челси дефинитивно влегува во шампионски ритам откако „сините“ попладнево триумфираа во Стоук со убедливи 0-4. Алваро Мората беше човекот на одлука постигнувајќи хет-трик, негов прв во дресот на лондонскиот клуб. За шпанското шоу да биде комплетно четвртиот погодок (инаку втор севкупно на натпреварот) беше дело на Педро, а треба да се истакне и дека Конте се реши на клупата да ги остави Фабрегас и Азар, но и без нивна помош стигна до убедлива победа

Манчестер сити продолжи со импресивните настапи во текот на овој месец, пукајќи уште една „петарда“, овојпат против „фенерџијата“ Кристал палас (5-0). Избраниците на Рој Хоџсон одолеваа се до финишот од првото полувреме, кога Сане конечно го отвори резултатот на асистенција на Давид Силва. На стартот од второто полувреме два гола даде Стерлинг, за потоа меѓу стрелците да се запишат и Агуеро и Делф.

Манчестер јунајтед исто така стигна до цел плен, откако триумфираше на гостувањето против Саутемптон со 0-1 со голот на Ромелу Лукаку, дуел на кој Жозе Мурињо во 90. минута беше исклучен поради приговор кон судиите.

Ниасе е херојот на Евертон, откако црномурестиот голгетер постигна два погодоци за пресврт на „Гудисон парк“ и триумф од 2-1 на дуелот со Бурнемаут.

Резултати Англија: 

Вест хем – Тотенхем 2-3, Стоук – Челси 0-4, Евертон – Бурнемаут 2-1, Свонси – Ватфорд 1-2, Манчестер сити – Кристал палас 5-0, Барнли – Хадерсфилд 0-0.

Се вчитува...