Челси, Ливерпул и Манчестер сити без проблеми до нови победи

Манчестер сити ја продолжи серијата добри игри и резултати во Премиер-лигата, славејќи со 0-2 на гостувањето против поранешниот првак Лестер. Габриел Хесус и Кевин де Бруин беа стрелци на головите за „граѓаните“, но проблем за Гвардиола претставува повредата на клучниот дефанзивец Стоунс, кој мораше да биде заменет уште во првото полувреме.

Челси дефинитивно е далеку подобар тим откако Нголо Канте повторно му се стави на располагање на Антонио Конте, па „сините“ денеска одиграа шампионски декласирајќи го на гостински терен ВБА со 0-4. Мората ја отвори серијата голови, потоа Азар два пати го совлада домашниот голман, а еднаш меѓу стрелците сее запиша и Алонсо.

Ливерпул исто така одигра импресивно, триумфирајќи со 3-0 над Саутемптон. Мохамед Салах беше во главна улога постигнувајќи ги двата гола во првото полувреме за водство од 2-0, пред Кутињо да ги постави конечните 3-0 на „Енфилд“.

Резултати Англија:

Кристал палас – Евертон 2-2, ВБА – Челси 0-4, Барнли – Свонси 2-0, Бурнемаут – Хадерсфилд 4-0, Лестер – Манчестер сити 0-2, Ливерпул – Саутемптон 3-0.

Се вчитува...