Челси подготвува 34 милиони фунти за Чичарито - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/02/2017 0:05
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54

Челси подготвува 34 милиони фунти за Чичарито

Челси подготвува 34 милиони фунти за Чичарито

Мексиканскиот напаѓач од редовите на бундеслигашот Баер Леверкузен, Хавиер Ернандез – Чичарито е на добар пат да се врати во Премиер лигата. Имено, челниците на Челси го означиле напаѓачот како прво засилување за оваа зима, а се подготвени да издвојат 34 милиони фунти за неговите услуги.

Тој постигна 22 погодоци на 43 натпревари во германскиот шампионат, но и самиот би немал ништо против да се врати во Англија, од каде интерес постои и од Тотенхем и Ливерпул. Додека настапуваше за Манчестер јунајтед, Чичарито не добиваше голема шанса во тимот, но секоја минута помината на теренот ја искористуваше максимално и секоја шанса ја претвораше во гол.

Поранешниот стратег на „ѓаволите“, Луј ван Гал го продаде Чичарито кај „фармацевтите“ за сума од 7 милиони фунти, но се покажа како голема грешка на Манчестер јунајтед, затоа што фудбалерот блесна во Бундес лигата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.