Челси се загреа за чудото на Баер Леверкузен

Актуелниот англиски првак Челси ќе се обиде да се засили во зимскиот преоден рок, а своите погледи ги насочи кон Бундес-лигата. „Сините“ од Лондон се заинтересирани за крилниот играч на Баер Леверкузен, Леон Бејли. 20-годишниот фудбалер од Јамајка има одлична сезона во германскиот шампионат, а менаџерот на Челси, Антонио Конте, би сакал да го доведе на „Стемфорд бриџ“ уште во јануари.

Раководството на Челси веќе испрати понуда вредна 22 милиони фунти за Бејли, но таа е експресно одбиена од германскиот бундеслигаш. Челниците на овој клуб немаат намера да му дозволат на Бејли да си замине без да инкасираат најмалку 30 милиони фунти од неговиот трансфер.

Се вчитува...