Челси со леснотија го реши Хадерсфилд

Челси експресно го надмина разочарувачкиот пораз од Вест хем од саботата, па актуелниот шампион вечерва со леснотија славеше на гостувањето против Хадерсфилд со 1-3. Мората поради повреда не беше во тимот, Конте го одмори и Фабрегас, но формацијата со Азар, Вилијан и Педро во нападот повторно се покажа како добитна комбинација.

Првиот погодок беше дело на Бакајоко, пред крајот на полувремето на 0-2 со прецизен удар со глава зголеми Вилијан, на самиот старт од вториот дел погоди Педро за 0-3, а Хадерсфилд почесниот погодок го постигна во 92. минута преку Депоитре.

Барнли во неизвесен натпревар го совлада Стоук со 1-0 со голот на Барнс, резултат со кој екипата на Барнли изненадувачки се искачи на четвртото место на премиерлигашката табела.

Суперинтересно беше на лондонското дерби меѓу Кристал палас и Ватфорд, каде гостите водеа се до 89. минута, за „фенерџијата“ за две минути да постигне два гола преку Сако и Мекартур и да стигне до големи три бода.

Се вчитува...