Челси стравува: Канте ги пропушта следните шест меча

Фудбалерот на Челси, Нголо Канте ќе ги пропушти следните шест натпревари за „сините“, откако се повреди за време на репрезентативните обврски. Французинот ги истегна лигаментите на мечот против Бугарија и по само триесетина минути игра мораше да го напушти теренот во Софија.

По медицинските прегледи во центарот на англискиот шампион, тврдат дека повредата е посериозна од што изгледа, па Канте ќе се опоравува до крајот на октомври.

Ова значи дека нема да биде достапен за Конте на двата натпревари со Рома во Лигата на шмпиони, првенствените средби против Кристал палас, Вотфорд и Бурнемаут, како и пресметката со Евертон во рамките од Карабао лига купот.

Се вчитува...