Челси влезе во трката за Алексис Санчез

Лошите вести секојдневно ги вознемируваат „топчиите“ и нивните фанови. Арсенал најверојатно ќе одигра уште една сезона без трофеј, а тоа никако не ги прави среќни најголемите ѕвезди на тимот. Алексис Санчез веќе подолго време посакува да го напушти тимот во потрага по подобра иднина. Шансите да го напушти тимот од „Емирати“ се сѐ поголеми, со оглед на тоа дека му преостанува уште само една година од договорот.

Покрај интересот од неколку европски клубови, Чилеанецот се најде на списокот на желби и кај менаџерот на големиот градски ривал Челси. Имено, Конте планира да прави големи промени во следниот трансфер период, а Санчез го гледа како засилување на дуото Еден Азар – Диего Коста.

Санчез има планови за заминување во Шпанија, каде би сакал да соработува со поранешниот селектор на Чиле, а сегашен кормилар на Севилја, Хорхе Сампаоли. За него се интересираат и Баерн Минхен, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Јувентус, па дури се споменува и во некои комбинации за засилување на Реал Мадрид.

Се вчитува...