Челси заработува од титулата на Јуве: Квадрадо останува во Торино за 21 милион фунти

Хуан Квадрадо ќе остане играч на Јувентус, откако „старата дама“ по шести пат во низа ја освои лигата и така ја активира клаузулата на Колумбиецот. Во договорот меѓу Челси и Јувентус имаше клаузула според која Квадрадо ќе биде продаден на италијанскиот клуб, доколку ја одбрани титулата во Серија А. Избраниците на Алегри токму тоа и го направија со вчерашната победа над Кротоне, па сега раководстовото на Челси ги чека договорените 21 милион фунти за позајмениот играч.

Репрезентативецот на Колумбија ќе потпише перманентен договор со Јувентус, кој ќе важи до 2020 година. Квадрадо во сезоната 2014/15 во зимскиот преоден рок се пресели од Фиорентина во Челси, за сума од 23 милиони фунти, но ретко кога добиваше шанса од Мурињо, но може да биде задоволен бидејќи од Лондон заминува со шампионски медал, заработен токму во сезоната кога пристигна на „Стемфорд Бриџ“.

Сезонава Квадрадо настапи на 43 натпревари за Јувентус, четири пати ја затресе мрежата, додека асистираше при седум погодоци. За него ова е втора сезона како позајмен играч во дресот на Јуве, а по Купот на Италија и Серија А, има шанса да освои тројна круна во Лигата на шампиони доколку неговиот тим успее да го совлада бранителот на титулата, Реал Мадрид.

Се вчитува...