Ченгиз Ундер – „турскиот Дибала“ нов член на Рома

Рома официјално го претстави петтото засилување за ова лето, туркскиот талент Ченгиз Ундер од Басакшекир пристигна на „Олимпико“ за 13.5 милиони евра, плус 1.5 милион евра бонуси. 20-годишното крило потпиша петгодишен договор со „Волчицата“.

„Среќен сум што ќе играм за Рома. Ова е голем клуб, со прекрасни навивачи, со нетрпение чекам да излезам на теренот. Мојата цел е да се наметнам во првиот тим и да покажам дека заслужувам повеќе шанса“, истакна Ундер при првото интервју за клубот.

Ундер имаше статус на првотимец во турскиот прволигаш. Минатата сезона за Басакшекир постигна седум погодоци, асистираше на пет, и придонесе за клубот да се бори за титулата во домашното првенство до самиот крај. Иако Бешикташ стана шампиони, Ундер е еден од најзаслужните што клубот успеа да се бори за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

Се вчитува...