Червар: Македонија никогаш не играла поубав ракомет…

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Лино Червар има проблеми да го извлече максимумот од хрватската репрезентација, со која се наоѓа на работ на елиминација од овој европски шампионат. За разлика од „коцкестите“, Македонија игра фантастично досега, па и Червар има само пофални зборови за изданијата на нашиот национален тим.

Македонија никогаш не играла поубав ракомет. Мило ми е поради тоа и им посакувам се најдобро“ – изјави Червар.

Хрватот сепак не пропушти да го спомене своето „влијание“ врз македонскиот национален тим.

Знаете дека јас се уште сум поврзан со Македонија. Филип Талески е мое дете, кој стана европски играч, Кузмановски и Велковски се близу до тоа ниво, тоа е доказ дека добро работиме во Металург“ – порача Лино Червар.

Се вчитува...