Червар: Металург ќе игра побрзо и поагресивно од лани - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Червар: Металург ќе игра побрзо и поагресивно од лани

Червар: Металург ќе игра побрзо и поагресивно од лани

Лино Червар е задоволен од сработеното од страна на своите ракометари, во пресрет на стартот на новата сезона што Металург ќе ја отвори со домашен дуел против Вардар во рамките од СЕХА-лигата. „Металурзите“ повторно имаа значителни промени во ростерот, но Червар е оптимист дека тоа нема да се одрази негативно во играта. Напротив, хрватскиот стратег очекува неговиот тим во новата сезона да игра побрзо и поагресивно отколку лани.

Задоволен сум од сработеното и од посветеноста на ракометарите во подготвителниот период, иако секогаш велам дека може и подобро. Одработивме квалитетна и напорна прва фаза во Маврово, потоа разигрувавме на турнирот во Струга, а изминативе седум дена, во завршната фаза во Охрид, најмногу внимание посветивме на техничко-тактичките варијанти на играта. Секоја година се трудам да вметнам нешто ново во играта на Металург, било да станува збор за играта во одбрана или во напад. Па така, оваа сезона ќе се обидеме да играме малку побрзо и поагресивно за разлика од досега, се разбира во зависност од противниците, а во одредени ситуации повторно ќе ја користиме играта седум на шест“ – истакна Лино Червар за официјалната веб-страница на клубот.

Металург утре ќе ги пушти во продажба билетите за дуелот со Вардар (сабота, 17.45 часот), по цена од 100 и 150 денари.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.