Червар: Одмаздата не носи ништо добро, треба да играме и со срце и со памет - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Коментари
22/01/2017 13:11
Ракомет
22/01/2017 11:39
Ракомет
21/01/2017 19:09
Ракомет
21/01/2017 17:47

Червар: Одмаздата не носи ништо добро, треба да играме и со срце и со памет

Червар: Одмаздата не носи ништо добро, треба да играме и со срце и со памет

ЕКИПА во Мец,

Стеван Цаневски, Билјана Благоеска Петрушева

Македонија е подготвена за предизвикот што го носи премиерниот дуел на СП против Тунис што утре ќе се игра во Мец, но Лино Червар ги предупреди своите ракометари да не размислуваат за одмазда против стариот познаник, од кого беа елиминирани во предолимписките квалификации.

Добро го анализиравме Тунис, играчите се уште се присетуваат на поразот во Гдањск, кога беше уништен нивниот сон за Рио де Жанеиро. Јас им кажав да не размислуваат за никаква одмазда бидејќи одмаздата вообичаено не носи ништо добро. Имаме против себе силен ривал, знаеме дека се добро воиграни, а сега се посилни и со враќањето на Санаи. Целата игра им се врши околу надворешните играчи, но исто така имаат и извонредно брзи крила кои даваат лесни голови од контранапади. На нас е да покажеме дека сме добра репрезентација и дека можеме да играме против секого. Наше е да играме не само со срце, туку и со срце и со памет, општото расположение кај нас е дека сме подготвени да им се спротивставиме на нивната агресивна игра, ќе им одговориме со истa мера“ – изјави Червар.

Македонскиот селектор вечерва ќе ги објави имињата на 16-те ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап против Тунис, па останува да се види кои тројца играчи ќе го следат премиерниот меч од мундијалот на трибините.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.