Червар: Во пресудните моменти бевме деконцентрирани

Шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар, немаше причини за задоволство по слабото издание на својот тим и заслужениот пораз од екипата на Бешикташ.

Прво сакам да му честитам на Бешикташ на заслужената победа. Мислам дека главната улога ја имаше нивната квалитетна игра, но денеска пресуди искуството. Во првото полувреме нашиот голман немаше ниту една одбрана, а нивниот беше најдобар поединец на теренот. Ние премногу се истрошивме за да стигнеме до нерешено, а во вториот дел ни недостигаше искуство и концентрација. Немавме „памет“ во финишот, лесно примавме голови, се мачевме во нападот. Кога се кршеше резултатот не знаевме да го искористиме тоа, а противникот знаеше да казни. Никој не сака да губи, ние не сме исклучок, но треба да продолжиме да работиме и да бидеме трпеливи бидејќи тоа е нашата иднина“ – истакна Червар.

Халил Јагањац одигра уште еден квалитетен натпревар постигнувајќи девет погодоци, сепак недоволни за позитивен резултат на денешниот дуел.

Одигравме добро одредени делови, особено во финишот од првото полувреме, но потоа „издишавме“ и немавме сили да го задржиме темпото во вториот дел. Ја загубивме агресивноста во одбраната, а Бешикташ заслужено победи. Нам ни останува да продолжиме да работиме и како млада екипа да се развиваме во периодот што следи“ – прокоментира младинскиот хрватски репрезентативец од редовите на Металург.

Се вчитува...