Червар: Во вториот дел веќе немавме сили, Норвешка е малку подобра од нас

arbervil baner

Македонија го заврши престојот на Светското првенство во Франција во осминафиналето. Норвешка беше подобра од избраниците на Лино Червар и победи со 34-24. Одлично се држеа нашите ракометари во првиот дел, иако го загубеа со 12-10, но во вториот дел комплетно се распаднаа. Селекторот Червар вели, немаа веќе сили, со оглед дека на овој меч бевме и без Филип Миркуловски и без Дејан Манасков.

„Се држевме одлично во првото полувреме. Но, потоа паднавме, немавме веќе сили. Имавме и голем хендикеп, на овој дуел бевме без Миркуловски и без Манасков. Тоа е за нас огромна загуба. Но, мора да им се честита на момците, одиграа одличен мундијал. Македонија има светла ракометна иднина, продолжуваме да работиме. Норвешка беше малку подобра од нас, ги искористи нашите грешки и заслужено оди понатаму. А ние со гордост можеме да се вратиме во Македонија“, изјави селекторот Лино Червар.

Се вчитува...